Радиото Канал 77 објави фотографија од тешката сообраќајка која се случила во раните часови денес во Штип, каде загина едно лице, а три се повредени.
До несреќата дошло кога се судриле теренско возило и такси возило во кое имало четири лица.
Возачот на таксито загинал, додека три лица кои биле сопатници се тешко повредени. Меѓу повредените патници имало и бремена жена.
Полицијата со повеќе детали треба да излезе наскоро.