Pо концертот во Тексас на хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ му беа ставени лисици и беше приведен од страна на полицијата.
Сето тоа се случи додека по успешниот концерт се дружеше со фановите, кои кога полицаецот пријде да му стави лисици на Оливер, веднаш срипаа за да го одбранат. Полицаецот во тој миг се насмеа и рече дека е родум од Хрватска и дека само се обиде да го исплаши пејачот приврзувајќи го со лисиците за една обожавателка.
Концертот инаку бил феноменален и публиката цело време ги пеела песните на Драгојевиќ во одлична атмосфера. Оливер дури и заиграл заедно со обожавателките што ретко му се случува.