Италијанските детективи тврдат дека откриле како Исус изгледал кога бил момче. Имено, тие со помош на компјутерска форензика ја обработиле најпознатата реликвија на светот и врз основа на неа ја базирале својата проекција на Исус кога бил дете.
Со помош на Торинското платно, во кое, според верувањето, е посмртно обвиткан Исус, полициските истражители ја реконструирале сликата од материјалот. И тогаш го направиле обратен процесот на стареење за да го создадат младиот Исус, намалувајќи ја вилицата, кревајќи ја брадата и порамнувајќи го носот.
Италијанската полиција ја користела истата техника како кога се обидува со сигурност да открие како сега изгледаат злосторниците кои се во бекство повеќе од неколку години. На тој начин е добиена и фотографијата на мафијашкиот бос Бернард Провенцан, од фотографијата снимена во 1959 година, а кој е уапсен во 2006 година.
Иако програмата е мошне сигурна, тешко е да се оцени дали Исус навистина така изгледал во детството од едноставна причина што ниту автентичноста на платното од Торина не е докажано. Научниците порано утврдиле дека ткаенината е, всушност, направена неколку години по смртта на Исус, но верниците сметаат дека за анализата земале делови од ткаенина кои дополнително се дошивани на оригиналот.
Приказот на Исус како момче и методите кои се користени за да се дојде до тој приказ, ќе бидат обработени и во документарната програма на италијанската телевизија, а сето тоа заедно е направено за да се проследи моменталното изложување на Торинското платно на јавноста, првпат по 2010 година.