Московскиот новинар тврди дека “тајната” ќерка на Владимир Путин е бизнисменка, научник и убавица со акробатски вештини!
Екатерина Тихонова, според тврдењата на новинарот Олег Кашин, е една од ќерките на рускиот претседател Владимир Путин.
Тврди дека таа го користи моминското презиме на нејзината мајка и дека раководи со Московскиот универзитет.
Како што пренесува Дејли мејл, Екатерина (28) е научник, акробат и располага со буџет од повеќе од милијарда евра.
Новинарот Олег Кашин, храбро тврди дека жената има неколку лица, а дека едно од нив е – потпретседателка на конфедерацијата “Акробати Рок енд Рол”.
Роденденот на Екатерина се поклопува со официјалниот датум на раѓањето на една од ќерките на Путин.
Екатирана како татково име го навела “Владимир”, па така изгледа дека оваа приказна навистина “држи вода”.
Рускиот претседател не крие дека има ќерки по име Марија и Екатерина, но сепак одбива да открие нешто повеќе за нивните животи.