Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(37) и Г.П.(37) двајцата од Охрид.
Второпријавениот е во бегство поради што СВР Охрид презема интензивни мерки за негово пронаоѓање.
Охриѓанецот ги чекал скопјаните на автобуската станица во Охрид бидејќи наводно тие од него требале да купат автомобил „Мерцедес“. Кога се нашле ги однел во неговиот дом, каде ги послужил со кафе и кисела вода.
По ова сопружниците заспале, а осомничениот заедно со уште едно лице кое е во бегство, ги ограбиле и ги оставиле на Галичица каде скопјаните се разбудиле.