Ова е повеќекратниот убиец кој македонската полиција го води како еден од најопасните криминалци, а кој беше уапсен во Куманово.
Се работи за 46-годишниот Авни Зенели, кој во отсуство е осуден на повеќе доживотни робии и баран е со неколку меѓународни потерници.
Меѓу делата за кои се товари и е убиството на бизнисменот од Гостивар во скопски Чаир на почетокот на ноември минатата година.
Од МВР ја потврдуваат информацијата, но не откриваат детали за апсењето.