ФОТО: Ова се џихадистите од Македонија кои беа ослободени во Турција


Турција и предаде 180 џихадисти, меѓу кои и двајца македонски државјани и двајца британски државјани, на групата „Исламска држава“ во замена за ослободување на заложниците киднапирани од турскиот конзулат во Мосул, објави британскиот весник „Тајмс“.

Во септември беа ослободени 49 турски државјани, кои беа киднапирани од турскиот конзулат во Мосул во јуни од борците на ИДjihadistislika (1)

„Тајмс“ наведува дека меѓу разменетите џихадисти се британските државјани Шабаз Сулејман (18) и Хишам Фолкард (26). Весникот го добил списокот со имиња на џихадистите, меѓу кои имало и тројца Французи, еден Швеѓанец, еден Швајцарец и Белгиец и уште двајца од Македонија, пишува Курир.

Како што пишуваат албанските медиуми во земјата, станува збор за Мухамед Зекир од Охрид и Бенјамин Ху од скопски Грчец.

Меѓутоа нема официјална потврда за тоа дека тие биле во групата која била разменета од страна на Турција и ИС.

Двајца џихадисти од Македонија разменети меѓу Турција и ИСИЛ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1