„Пукна“ во Украина, се појави ебола, исчезнаа авиони и бродови, исламисти произведени во САД јавно егзекутираа луѓе, авиониски прскања над Блискиот исток, масовно се ширеа епидемии од кои умираше само една човечка раса…
Сите овие мистериони случувања се случија во само една година. Можеби не се мистериозни како Јети или чудовиштето во Лох Нес.. но, мистериозни се поради поводот и причината на истите.
Во таа насока Вебтрибун, ги акцентираше најголемите 7 мистерии за 2014 година:
Владата на САД го покри југот со лажен пластичен снег
На почетокот од 2014 година САД беа завејани со големи снегови дури и во топлите јужни области на Атланта и Џорџија. Меѓутоа, многумина не веруваа дека е тоа спонтана, природна појава. Некои жители на тие јужни области покажуваа, и докажуваа низ видео снимки објавувани на Јутјуб дека се работи за лажен снег, а матријата е пластика. Грутки снег палеа со запалки, и наместо да се стопат како и сиот друг нормален снег, овој поцрнува. Масовно, се појавија коментари дека е тоа стандардна реакција на пластика, а не на снег.
Владата и метеролозите понудија објаснување дека реакцијата е соодветна кога снегот се наоѓа во допир со пламен од гас, бутан. Но, малкумина веруваа во ова објаснување, покажувајќи иста постапка со нормален снег кој се топи, а не се лепи и поцрнува.
Дејвид Камерон сокри наоди за големо наоѓалиште на нафта во Шкотска и со британската влада го наместиле шкотскиот референдум за независност
Британскиот премиер Дејвид Камерон и секретарот на Шкотска Алистер Кармајкл на 22 јули ги посетиле Шетландските острови во Шкотска. Ова патување никаде службено не е заведено, ниту спомнато се додека не е откриено од страна на новинарите.
Само неколку дена пред оваа таинствена посета, копачите откриле резерви на нафта која никогаш порано не е забележана во тие предели, ниту била претпоставувана. Работниците на копот биле исплатени и пуштени дома, при што им е кажано дека нема да се враќаат на работа се до завршувањето на референдумот за шкотска независност. Би-Би-Си ова го премолчува.
Веднаш по реферндумот за независност на Шкотска кој се одржа на 18 септември 2014 година, се појавија видео снимки со докази дека броењето гласови не одговара на она што е констатирано во крајните записници кои покажаа дека 55% од Шкотите се против независнот. Иако имаше убедливи докази за монтирање на референдумските резултати, немаше масовни противења и немири. Како што запре и криењето на новите нафртни наоѓалишта во Шкотска.
НАСА го саботира вселенското летало Вирџин галактик
Прво се случи леталото на НАСА, ракетата Антaрeс без екипаж, да експлодира веднаш по полетувањето. Потоа, експлодираше и ракетниот авион на Ричард Бренсон, при што загина пилотот, а беше повреден копилотот. Земајќи во обизр за какви високи технологии и скапи инвестиции се работи и реткоста на вакви инциденти, две експлозии во низа станаа мистерија за познавачите на овие теми.
Најчести беа две објаснувања. Прво, преку изјава на американски агент, означен со измислено име Смит, дека за експлозиите се винови Русите кои демонстрираат сила на нови сателитски технологии, и кои експлозиите ги предизвикале во фазата на ракетен погон и нагло забрзување, кога леталата се и најчувствителни.
Второто масовно коментирано објаснување вели дека американската вселенска агенција НАСА самата предизвикала експлозии затоа што од страна на администрацијата на Обама е оставена без пари за развој на понатамошни проекти. Тоа се случувало бидејќи неколку мултинационални компании блиски до владата инвестираат во свои прокети за комерцијализација на вселената, како и свои воени проекти кои потоа ќе бидат продадени на амеркинаксата влада.
Појавата на кометата откриена од Розета е лага, се работи за вонземјани
Еден настан во неомври го привлече светското внимнаие. Беше објавено дека вселенската сонда Розетасе доближила до комета наречена 67П Чуријумов-Герасминк. Леталото Филе од сондата слетало на површината на кометата, и наводно заради немање доволно светлина на самото место не е видена како слетува и што прави потоа.
Според експерт на Европската вселенска агенција (ЕСА) 67П воопшто не е комета, туку вселенски брод со вонземјани. Според него тој објект емитувал сигнали со комуникација со години наназад, а мисијата на Розета која вреди неколку милијради долари е обид да се стапи во допир со тие технологии и во контакт со тие суштества, вели експертот Скот Веринг. Сомневањата во мистерија се дополнително распалени кога ЕСА објавила дека сигналите емитувани од 67П биле слични со гласот од делефините.
Ебола-Биолошко оружје
Liberian Daily Observer во свој текст тврди дека вирусот Ебола е биолошко оружје на САД кое е употребено во Африка во рамките на проектот да се ограничи растот на популацијата во Африка и во светот. Ова е само финале на неколку месечната дебата меѓу познавачите и експертите кои го тврдеа токму ова што весникот го пишува. Патем, се тврди и дека паралелно со пуштање на Ебола во акција, е подготвен и скап лек, вакцина која треба да донесе заработка од неколку десетици милијради долари за фармацевтите и војската на САД.
На фотографијата можете да видите сцена на која маскирани експерти транспортираат болен од ебола во американски воен авион. Тие се во соодветни заштитни одела, но војникот е без тоа, незаштитен… или незагрозен од еболата, бидејќи за него нема опасност од вирусот.
Луис Фаракан, лидер на движењето Исламска нација, тврди дека вирусот е димензиониран со селективно дејство – доминантно да напаѓа луѓе од црната раса. Професорот Френсис Бојл од Универзитетот во Илиноис изјави дека се работи за хибриден вирус . Ова не е нормална Ебола со природни карактеристики, верувам дека е генетски модификуван и тоа со знаење и согласнот на државниот врв на САД, тврди професорот Бојл.
Конкурентите на Обама од Републиканската партија на САД одат и подалеку. Конгресменот Стив Стокман од Тексас, и неколку други влијателни јавни личности во американската политика, тврдат дела Ебола е експеримент со кој треба да се дојде до вируси кои селективно контролораат луѓе и владеат со нивните животи, а на војската и обезбедуваат нови високи буџети, кампови за изолација и заштита и контрола над населението.
Мистетрија на малезиските боинзи
Прво, на 8 март, исчезна малезискиот патнички авион, Боинг 777 МХ370 со 239 патници.
Потоа, се случи соборувањето на малезискиот патнички авион Боинг 777 – МХ17 (17 јули 2014) при што имаше 298 загинати. Најпосоле, деновиве изсчезна уште еден малезиски патнички авион, Боинг 737 на малезиската компанија ЕрАзија.
Последниов, исчезнат ноќта на 27/28 декември, последен пат е забележат како лета на неверојатно голема височина од 36.000 метри, со бавна брзина од само 353 чворви (655 километри на час). Авионите на вакви летови, и од овој тип, летаат на височони 10-15.000 метри, со брзина барем три пати поголема од онаа која е забележана кај овој малезиски Боинг пред да исчезне.
Експертите за вонземни појави сметаат дека нема друго објаснување, освен дека е привлечен и ставен под контрола од сила која нам не ни е позната. На таа височина летаат само неколку вида најмоќни воени авиони, но никако и патнички. Дополнителна мистерија е таков лет при така мала брзина на движењето.
Оваа теорија е поовој случај мистиците тврдат дека Боингот МХ370 не е исчезнат туку киднапиран, слетал во Дијего Гарсија, британски остров во Индискиот океан, каде е сместена воена база на САД. Авинот Боинг 777, потоа, како друг е употребен за летот МХ17 на авионот кој е урнат над Украина.
Теретичарите на завера велат дека соборениот малезиски Боинг 777-МХ17 е ист како службениот Боинг на рускиот престедател Путин, кој на истата рута над Украина летал малку претходно, на враќање од Гермнија. Соборен е намерно, за да се употреби како аргумент против Русија. Меѓутоа, тврдат и дека малезикиот авион е намерно пуштен да лета во време блиско со летот на рускиот претседателски авион за, по соборувањето на Путин, да се добие алиби дека руските бунтовници од Украина го стрелале малезикиот авион, а по грешка го погодиле Путин.
Терористите од Исламската држава се производ на САД и Израел
Според оваа теорија лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади воопшто не постои, односно дека се работи за сосема друга личност која под тоа име одработува проект на САД и Израел. Патем, тој не е муслиман, туку е израелски актер со име Елиот Шимон, кој е претходно обучуван од ЦИА и Мосад.
Според документите кои ги објави пребеганиот експерт на ЦИА Едвард Сноуден ИСИЛ е создадена за да биде лидер и матица на сите исламски терористички организации кои би биле под централна контрола.
Постојат и објавени се и фотографии на кои Абу Бакр ал Багдади има средба со сенаторот Џон Кеккејн, претседателски кандидат на изборите во 2008 година.
Мартин Чулов објави книга со докази дека ИСИЛ е создаван во американскиот воен затвор во Ирак.