Белгиската полиција трага за двајца исламисти, Мохамед Абрини и Наѓим Лахрани, бидејќи ги смета за организиратори на терористичките напади кои се случија утринава во Брисел. Двајцата биле блиски соработници на упасениот Салех Абдеслам, кој е обвинет за нападите во Париз, во ноември минатата година.
Мохамед Абрини (30) е Мароканец, кој е другар на Абдеслам. Заедно израснале во Моленбек, предградие на Брисел. Тој дури пред неколку дена е откриен дека е дел од организациската мрежа одговорна за нападот во Париз, но не е разјаснето каква била неговата улога во терористичките напади во Франција.
Полицијата го препознала од снимките направени од безбедносните камери. Тој бил во автомобилот заедно со Абдеслам во Париз, ноќта кога е изведен нападот во претстолнината на Франција, но тој бил во Брисел. Неговиот помлад брат загинал во крвавата војна во Сирија, како џихадист на Исламска држава.
Наѓим Лахрани (24) е Сириец кој во 2013 година избегал од земјата и дошол во Белгија преку позната Балканска рута, но во Брисел бил под лажно име Сутан Кајал. На патот низ Балканот, друштво му правел Салах Абдеслам.
Белгиските истражители утврдиле дека Лахрани исто тка учествувал во масакрот во Париз, бидејќи негов днк примерок е пронајден во дел од експлозивните направи кои биле користени во Франција, но и во станот во кој се криел Абдеслам.