ФОТО: Ова се петте момчиња кои загинаа кај „Рампа“


Голем дел од животот го поминавме заедно, се дружевме, растевме… со некого подолго, со некого пократко… но сеедно… ве сакам сите! Борче, Аце, Горан, Филип и Жиле – сите сте дел од моето детство и од мојот живот, така и ќе остане! Засекогаш ќе живеете во сите нас и вечно ќе ни недостигате!! Почивајте во мир!!!

Ова се само дел од коментарите под фотографијата која кружи на социјалните мрежи, на ожалостените пријатели на петте млади момчиња кои трагично загинаа во сообраќајната несреќа кај „Рампа“.

Братучедите Александар и Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш, вчера беа погребани на гробиштата во Скопје.

Сите беа на возраст меѓу 26 и 28 години, а двајца од загинатите беа братучеди. Жртвите се враќале до ергенска вечер на другар кој требало да се жени.

Kurir.mk

zaginatite-momcinja500

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1