Едното бебе се роди на крајот од 2013-та, а другото на почетокот на 2014-та година, а се близначиња.
Линдзи Салгуејро од Канада требала да се породи до 19-ти јануари, според терминот даден од докторот. Но ноќта на 31-ви декември таа добила болки и била примена во болница.
Таа ноќ, неколку минути пред полноќ ја роди првата ќерка, која ќе се вика Габриела. Само 38 секунди по полноќ, таа ја роди Софија, сестрата близначка.
-Мојот доктор навистина се трудеше да ги родам двете ќерки во ист ден, но Софија сакала поинаку, изјави среќната мајка.
Инаку таа и нејзиниот сопруг имаат уште два сина.