Американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави фотографија од двајца мажи кои го земале куферот во кој се наоѓала бомба која не експлодирала во Њујорк.
Како што наведуваат американските медиуми, двете лица се видени во саботата навечер како ја земаат бомбата од куферот и ја оставаат, додека куферот го понесуваат со нив.
На фотографијата која ја објави ФБИ, се наведува дека иследниците сакаат да разговараат со двете неидентификувани лица во својство на очевидци, а не осомничени.
Сликата е преземена од безбедносните камери на 27 улица меѓу Шеста и Седма авенија.
Во Њујорк пред неколку дена во експлозија се повредени 29 лица.