Фото: Паѓаа дрва и гранки – оштетени автомобили во Скопје


Дрва и гранки паѓаа при невремето во Скопје и оштетија автомобили.

Оваа фотографија е објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам.

Најмногу дожд во изминатите девет часа наврнал во Скопје, каде што до 16 часот се измерени 11 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Десет литри на метар квадратен се измерени во Ѓуриште.

УХМР информира дека до крајот на денов на повеќе места во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Нестабилното време ќе продолжи и во текот на ноќта, кога не е исклучено повторно на места да има појава на невреме.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1