ФОТО: Папата пречекан со леб и сол на Аеродром


Папата Франциск стапна на македонско тло и беше пречекан од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и од страна на премиерот Зоран Заев.

Традиционално, беше пречекан со леб, сол и вода на Аеродромот.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во рамки на неговата прва посета на државава, попладне во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје ќе се сретне со свештениците, нивните семејства и богопосветените.

Тој претходно ќе има средба со државниот врв и со претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор, ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“. Во Спомен куќата на Света Мајка Тереза тој ќе се сретне со лидерите на верските заедници, а во Католичката црква ќе разговара и со младите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1