Фото: Пепел остана од конаците во Трескавец – се спасуваат иконите и црквата


– На местото на големата катастрофа веќе се два хеликоптерa на Армијата, едно армиско одделение од прилепската касарна, сите расположливи сили на противпожарните единици, стигнуваат 14 возила на јавните претпријатија, изјави Влатко Котески, портпарол на Центарот.

pozar treskavec4

Од Центарот за управување со кризи апелираат до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот.

Ова е трет познат катастрофален пожар што го зафатил манастирот во минатото. Последниот се случи пред 23 години, односно на 9 јануари 1990 година кога целосно изгореа конаците.

Трекавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата.

Сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под Златоврв. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата Успение Богородичино. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, со прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, како и над Пелагонија.

pozar treskavec5pozar treskavec3

Се верува дека е изграден во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.

Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари. Најпосетуван е за празникот Богородица – 28 август. Тогаш во манастирот се собираат голем број Варошани и Прилепчани да го означат овој свет ден

Со финансии во износ од околу 1,5 милион евра преку Министерството за транспорт и врски неодамна почна изградба на пат до манастирот во должина од 7,5 километри.

Фото – Плус инфо / За Се

pozar treskavec 1

pozar treskavec5

pozar treskavec4

pozar treskavec3

pozar treskavec2

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1