Фото: Погледнете ги најновите фотографии на Сатурн и Титан


Леталото на американската вселенска агенција „Касини“ сними нови фотографии на Сатурн и неговиата најголема месечина Титан, покажувајќи ги нивните спектакуларни бои и промени во сезоната.

На една од фотографиите се гледа промена во нијансите на Сатурновата северна и јужна хемисфера за време на менувањето на годишното време на оваа втора по големина планета од Сончевиот Систем.

Кога „Касини“ пред осум години стигна до Сатурн, северната тогаш зимска хемисфера била азурно сина. Сега како зимата се поместува на јужната хемисфера, а летото на северната боите се менуваат. Така сината боја исчезнува од северната и се појавува на јужната хемисфера.

На една од фотографиите се гледа ново откриениот јужно поларен вртлог во атмосферата на Титан. Камерите на „Касини“ на 27 март снимиле жолтеникави замаглувања во одвоен слој на магла на јужниот пол на месечината.

Леталото забележало и облаци околу јужниот пол на 22 мај. По поминувањето покрај Титан на 27 јуни „Касини“ испратил фотографија од вртлогот кој се движел побрзо од сателитовиот ротационен период. Овие четири објавени фотографии биле направени во мај, јуни и јули оваа година, наведува НАСА.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1