Повеќе од илјада луѓе ја испратија во вечното живеалиште Слаѓана Станковиќ, службеничката од Министерството за надворешни работи од Србија, која загина во Либија.
Семејството, многубројните роднини и пријатели се простија од несреќната жена. Капелата била претесна да ги прими сите луѓе кои сакале да и кажат последен збогум на Слаџана.
– Не сакам ни да помислам како им е на сопругот на Слаѓана и на нејзините деца. Ова е ужасно, вели сосед низ солзи.
Нејзина пријателка вели дека била поврзана со своите дечиња:
– Секогаш беше ведра и насмеана, знаеше да ме насмее што и да се случува. нејзините деца и беа гордост, вели таа.
Таа е погребана покрај родителите кои загинале во сообраќајка пред 15 години.