ФОТО: Полицаец заспал на волан, излетал од патот и се запалил – куршуми летале на сите страни


Полицаец со својот автмобил излетал од патот по што автомобилот се запаил, а огнот ги активирал куршумите од службениот пиштол. Сообраќајката се случила утрово околу 7:30 часот во близина на Вараждин, Хрватска. Како што јавуваат хрватските медиуми, 23 годишен полицаец најверојатно заспал во автомобилот додека се враќал од работа по што излетал од патот.

Од ударот неговото возило се запалило, а оганот ги активирал куршумите од службениот пиштол. Тие почнале да пукаат на сите страни а малку фалело, да биде погоден некој од пожарникарите кои во тој момент интервенирале и го гаснеле пожарот. Возачот со повреди е префрлен во болницата во Вараждин, но неговата состојба не е позната.

auto

auto-sletio-s-ceste-u-lepoglavi-i-zapalio-se-vozac-u-bolnici-504x335-20130519-20130515112813-ed9c791dff19023a1928d20179c7591c

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1