Во текот на акцијата која се одвиваше викендов во Куманово, министерството за внатрешни работи, уапси 28 припадници на терористичката група, од кои 14 се дојдени од територијата на Косово и Метохија.
Како што наведува албанскиот портал „Бота Сот“, помеѓу уапсените терористи е и Арсим Бајрами, полицаец од Ваксинце за кој осамна веста дека пукал во своите колеги.
Дел од оние кои беа уапсени во саботата биле задржани во полициската станица во Карпош и Автокоманда.
Високи полициски функционери изјавиле дека продолжува идентификацијата на тројца приведени кои се водачи на групата, но заради користење различни идентитети и имиња, нивното откривање е отежнато.