Еден дуќан, кафетерија и продавница за готови производи на површина од 50 метри квадратни беа зафатени денеска во пожарот што изутринава избувна во Градскиот трговски центар.
Пожарот, како што информира командирот на Противпожарната единица Скопје Благоја Менковски, е локализиран и не е дозволено негово ширење.
Во гаснењето учествувале 26 пожарникари со 10 противпожарни возила. Причината за пожарот и проценката за предизвиканата штета ќе биде направена по увидот на полицијата.
Извор/Курир
Фото: Денешен