Руина од срушениот авион преполн со „костури“ со малезиско знаме наводно е пријавено дека е пронајдено од страна на набљудувачи на птици на далечен остров во близина на Филипините.
Се шпекулира дека остатоците од авионот кој се пронајдени во џунглата на Сугбеј островот, се всушност од малезискиот авион МХ370 кој исчезна во март минатата година со 239 луѓе во него.
Сепак деталите за наводното откритие засега се ограничени.
Аудио техничарот Џамил Омар, контактирал со полицијата во Малезија да изјави како неговата тетка Сити Кајам, наишла на руина додека ги набљудувала птиците.
Полицискиот комесар Џалалудин Абдул Рахман, изјави дека жената тврдела дека се качила на едно стебло и видела руина полна со костури, вклучувајќи и едно на седиштето на пилотот.
Полицијата засега е резервирана за овој извештај, иако велат дека го истражуваат тврдењето.
Делови од крилата кои се потврдени дека припаѓаат на МХ370 испливале на островот Ли Рејунион во западниот дел на Индискиот океан нешто претходно годинава.
Без оглед на тоа полицијата не ја отфрли можноста да е можно да делот од крилата се скршил кога авионот полетал од Каула Лумпур и дека можеби тоа довело до проблемите и предизвикало пад на авионот.
Наскоро ќе дознаеме дали е тоа вистина.