Карен Рајди (40) од Манчестер мислела дека ја нашла сродната душа кога Сакир Кандан, инаку 12 години помлад од неа, успеал да ја заведе во Мармарис пред три години.
Карен претрпела голема загуба кога починала мајка и, и заминала во Турција на одмор за да ја разбистри главата. Таму го запознала Сакир кој тогаш имал 26 години додека била на сафари и веднаш ја започнале врската. Толку многу се вљубила што продолжиле да се слушаат и кога Карен се вратила во Англија, а таа дури и драстично ослабнала за да го импресионира својот сакан. По осумнаесет месеци во врска Сакри ја запросил. Таа плаќала се, авионски карти, хотели, му купавала гардероба, разни работи…
– Сега знам дека бев будала, но бев вљубена. Единствено што тој ми купи е една шолја сувенир која ми ја подари за 40-тиот роденден. Ист таков подарок и дал и на другата жена со која ме изневерувал – вели Карен која ја открила измамата преку Фејсбук.
Таа и Сакир најчесто се среќавале во Охрид каде ги разменувале нежностите, а таа во џебовите му ставала фунти. А тогаш се вратила од уште една нивна средба и на Фејсбук ја дочекала пораката од една девојка од Македонија која и открила дека Сакир има паралелна врска со двете.
– Бев надвор од себе. Тој ми беше целиот свет. Сфатив каква будала сум била. Ми го уништи и срцето и паричникот. Го сретнав следната година во Мармарис, дури имаше дрскост да ми каже дека убаво изгледам. Му кажав дека е тоа така поради тоа што успеав да се ослободам од него. Единственото со што се вратив овој пат од Турција беа тенот и сувенирите“, заклучила жената.