ФОТО: Се изведуваат столбовите на Панорамското тркало


По девет месеци од почетокот на градежните работи, работниците на скопски „Бетон“ во моментов ги изведуваат столбовите на објектот Панорамско тркало во коритото на реката Вардар, објави Билд.panoramsko trkalo
Овој сегмент од изведбата на реквизитниот објект е најтежок, со оглед на тоа што дел од неговите основи ќе се наоѓаат во самите води на Вардар. Пред да започне оваа фаза, изведувачот ги заврши подготвителните работи поврзани со реализацијата на проектот, пишува Билд.
Панорамското тркало се гради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. За изведба на ова здание од проектот „Скопје 2014“ се издвоија финансиски средства во висина од 18,3 милиони евра.
Повеќе фотографии на Билд

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1