Контроверзниот српски борач и криминалец Александар Кристијан Голубовиќ (45) и 28-годишната Ивана Вељовиќ со која очекува бебе, денес го изговорија судбоносното „да“ , јавуваат српските медиуми.
По желба на неговата избраничка, Кристијан не направил голема прослава на која би поканил стотици пријатели. Сепак тој се пофалил на социјалните мрежи дека станал сопруг на Ивана.
– Денес се венчав во црква за прв и последен пат. Им се извинувам на сите кои во голем број би дошле на оваа церемонија, а не ве известив ниту ве покабив бидејќи мојата невеста не сакаше да правиме голема помпа околу тоа – напишал Кристијан на социјалните мрежи.