Малиот Лукас се родил во 23 недела од бременоста и докторите на неговите родители не им давале никакви надежи дека тој ќе преживее…
Роден со тежина од само 480 грама, Лукас бил во многу тешка здравствена состојба.
Но малиот борец докажа што значи зборот „чудо“ и преживеа, а го прослави и неговиот прв роденден.
Неговата мајка Силвија никогаш не се откажала од животот на нејзиното синче, па кога докторите предложиле на родителите да го исклучат од машините за поддршка на живот, тие категорично одбиле.
По 4 месеци поминати во болница, Лукас си заминал дома и докажал дека никогаш не смееме да губиме надеж и прерано да се откажуваме.
Освен тоа што заостанува за неколку месеци во развојот заради прераното раѓање, Лука нема никакви долгорочни здравствени проблеми.
Родителите го нарекуваат чудо од бебе.