Крвава Месечина вечерва – еве каде да следите во живо


Денес, 8 октомври, ќе се случи целосно затемнувањето на Месечината, последно за оваа година.

Затемнувањето ќе започне во 13:25 по локално време и ќе трае 59 минути, но нема да може да се набљудува од Македонија.

NASA соопшти дека денес ќе дојде до целосно затемнување на Месечината, а тој феномен ќе можете во живо да го следите преку „стириминг“ кој го обезбеди вселенската агенција.super mesecina

Тој феномен се случува кога ќе се израмнат Сонце, Земјата и Месечината. Тогаш Луната добива црвенкаст отсјај, поради што појавата често се нарекува „Крвава месечина“.

Помрачувањето ќе биде видливо само во западните делови од САД и Канада, и тоа во случај да нема облачност. Појавата ќе започне во 11 часот по наше време и ќе трае три часа и триесет минути.

NASA додаде дека следните целосни помрачувања на Месечината ќе бидат на 4 април и 28 септември, 2015 година.

Помрачувањето на Месечината како спектакуларна астрономска појава во минатото често било толкувано како лош знак кој најавува пропаст на некој потфат.

Broadcast live streaming video on Ustream

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1