ФОТО: Се сомневала дека сопругот ја изневерува, се шокирала кога открила со кого!


Неверството во брак е еден од најтешките животни удари кој може да му се случи некому, а доколку партнерот ве изневери со некого кого познавате, болката е речиси неподнослива.

Кога мајка на четири деца, Лиана Боурен од Есекс, почнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува, ѝ се скршило срцето. Но, шокот бил уште поголем кога открила со кого ја изневерува – со нејзината помлада сестра Лариса Најп.88644_prevarema_630x0

Љубовната афера била откриена пред околу три години, а за целата ситуација да биде уште полоша, помладата сестра на Лиана во 2011 година родила дете од нејзиниот сопруг, но на сите им тврдела дека не знае кој е таткото, пишува „Дејли мејл“.

Лиана во заедничка телевизиска исповед раскажала како Лариса не ѝ била само сестра, туку и најдобра пријателка.

– Се би направила за неа – рекла изневерената Лиана.

Сè се променило кога Лариса, која е седум години помлада од Лиана, се вселила кај својата сестра кога имала 17 години.

– Имав 20 години кога ја започнав врската со Стив. Една ноќ бев излезена и испив малку повеќе. Кога се вратив, налетав на него и почнавме да се бакнуваме. Така почна нашата љубовна сторија. Следното утро кога се разбудив си помислив „што направи“. Искрено, не знам зошто продолжив со тоа. После неколку месеци почнав да се вљубувам во него – открила Лариса.My Sister Had My Boyfriend’s Baby...and other betrayals

Кога Лиана забележала дека нејзиниот сопруг поминува многу време со нејзината сестра, почнала да се сомнева, но имала доверба во сестра си па ништо не им рекла. После неколку месеци Лариса останала бремена, а на сите им рекла дека не знае кој е таткото.

– Таа никогаш немаше момче, а ако имала, јас не го запознав. Само еден ден, кога дојдов од работа, ми кажа дека е бремена. Лариса и Стив беа навистина среќни поради тоа. Бев загрижена, мислев дека ќе полудам – раскажала Лиана и додала дека ѝ била сомнителна реакцијата на нејзината сестра и на сопругот за веста за бременоста.

Сепак, ги отфрлила своите сомнежи и останала покрај својата сестра и ѝ помогнала околу бременоста. Била сигурна дека нејзината сестра е љубовницата на нејзиниот сопруг кога го видела нејзиното новороденче.

– Иако и претходно се сомневав, штом го видов детето, знаев бидејќи не само што личеше на Стив, туку личеше и на моите деца кога беа бебиња. Имаше премногу случајности. Истрчав од просторијата и налетав на пријателка. И реков „Тоа е детето на Стив“ – раскажала потресената Лиана.

Лариса пак одрекувала сè и после породувањето се отселила од куќата на нејзината сестра. Но, грижата на совест била премногу силна па сè ѝ признала на својата мајка преку порака. Мајка ѝ после тоа веднаш ѝ се јавила на Лиана и ѝ кажала дека нејзините сомнежи биле вистински. Кога сè се дознало, Стив се отселил од кај постарата сестра и се вселил кај помладата.

– Тоа беше кошмар. И испратив ужасни пораки, ја нарекував со секакви имиња, како што верувам дека многумина на мое место, би направиле го истото – раскажала изневерената сестра во телевизиската емисија.

После повеќе од три години, двете сестри сè уште не разговараат.

– Тажно е, бевме толку блиски, а сега сето тоа исчезна – рекла Лиана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1