Четиринаесет лица се полесно повредени кога пожар избувна во авион на компанијата „Бритиш Ервејс“ на аеродромот во американскиот град Лас Вегас.
Како што јавија американските медиуми, пожарот избувнал во време кога авионот се наоѓал на пистата и се подготвувал за полетување.
Во време на инцидентот во леталото имало 159 патници и 13 членови на екипажот. Авионот од типот „Боинг 777“ требало да полета на релација Лас Вегас – Лондон.
Според првичните резултати од истрагата, пожарот настанал поради самозапалување на еден од моторите на авионот.