Младенците и сватовите ги пречекала сопругата на Брат Љубе, Виолета, која се грижи за семјениот бизнис додека тој е во затвор. Домаќинката за младенците и за нивното блиско семејство обезбедила цела ноќ да се служат македонски специјалитети, пишува ВЕЧЕР.
Откако во петокот малку по пладне склопија брак во жупната црква на Бале, северина Вучковиќ и Игор Коиќ имаат полни раце работа, зашто ред новопечените младенци се интензивни работни денови.
Сплиќанката со еднаков интензитет оди на настапи по регионот, а придржувајќи се на заедничкиот договор, одлучиле и на најблиските пријатели да им премолчат и да се венчаат во тајност на Истра. Граѓански брак, за да биде мистеријата поголема, склопиле непосредно пред заминувањето во Бале. И тоа во Пула, во старото јадро во кое се наоѓа градското собрание.
Завиено во тајна
Како што дознава Јутарњи, ниту матичарите тоа претпладне не знаеле кој ќе застане пред нив и ќе го каже судбоносното ДА. Резервирале термин, но не се пријавиле под вистинските имиња. Парот одлучил нивниот ден да остане само нивни и завиен во мистерија, без медиумска помпа.
Но, познавачите на социјалните мрежи сега препознваат дека зад организацијата на целиот настан стои менаџерот и пријател на Северина, Едвин Софтиќ, ој со недели претходно на својот Фејсбук објавувал фотографии од вилата Лав во Бале, сопственост на поранешниот министер за внатрешни работи и хашки осуденик Љубе Бошковски.
Додека тој ја одлежува казната затвор за а помагање во случајот Ровер, семејниот бизнис го води неговата сопруга Виолета, а се дознава и дека таа вечер за младенците и за нивното блиско семејство цела ноќ се служеле македонски специјалитети. Имало триесетина сватови.
Семејството Коиќ, Кеба и неговата сопруга Оља, во Истра пристигнале во друштво на кумот Борис Ѓикановиќ, најдобриот другар на Игор. Од страната на Северина од Сплит птистигнале мајка ѝ Ана, двете постари сестри Зденка и Мара и нивните деца, а пејачката за старосватица ја избра Андреа Чермак.
Иако големата журка е закажана за 22 ноември во белградски хотел, каде што младенците ќе угостат околу 500 пријатели и роднини, и во Бале било весело, за што била задолжена групата Паганини, кои исто така се додека не пристигнале не знаеле кому ќе му свират. Интимната веселба траела до утрото.