ФОТО: Северина се омажи во вилата на Љубе Бошкоски


Младенците и сватовите ги пречекала сопругата на Брат Љубе, Виолета, која се грижи за семјениот бизнис додека тој е во затвор. Домаќинката за младенците и за нивното блиско семејство обезбедила цела ноќ да се служат македонски специјалитети, пишува ВЕЧЕР.seev-6_thumb_medium500_332

Откако во петокот малку по пладне склопија брак во жупната црква на Бале, северина Вучковиќ и Игор Коиќ имаат полни раце работа, зашто ред новопечените младенци се интензивни работни денови.

Сплиќанката со еднаков интензитет оди на настапи по регионот, а придржувајќи се на заедничкиот договор, одлучиле и на најблиските пријатели да им премолчат и да се венчаат во тајност на Истра. Граѓански брак, за да биде мистеријата поголема, склопиле непосредно пред заминувањето во Бале. И тоа во Пула, во старото јадро во кое се наоѓа градското собрание.seve-1_thumb_medium500_250

Завиено во тајна

Како што дознава Јутарњи, ниту матичарите тоа претпладне не знаеле кој ќе застане пред нив и ќе го каже судбоносното ДА. Резервирале термин, но не се пријавиле под вистинските имиња. Парот одлучил нивниот ден да остане само нивни и завиен во мистерија, без медиумска помпа.

Но, познавачите на социјалните мрежи сега препознваат дека зад организацијата на целиот настан стои менаџерот и пријател на Северина, Едвин Софтиќ, ој со недели претходно на својот Фејсбук објавувал фотографии од вилата Лав во Бале, сопственост на поранешниот министер за внатрешни работи и хашки осуденик Љубе Бошковски.

Додека тој ја одлежува казната затвор за а помагање во случајот Ровер, семејниот бизнис го води неговата сопруга Виолета, а се дознава и дека таа вечер за младенците и за нивното блиско семејство цела ноќ се служеле македонски специјалитети. Имало триесетина сватови.

Семејството Коиќ, Кеба и неговата сопруга Оља, во Истра пристигнале во друштво на кумот Борис Ѓикановиќ, најдобриот другар на Игор. Од страната на Северина од Сплит птистигнале мајка ѝ Ана, двете постари сестри Зденка и Мара и нивните деца, а пејачката за старосватица ја избра Андреа Чермак.seve-7_thumb_medium500_373

Иако големата журка е закажана за 22 ноември во белградски хотел, каде што младенците ќе угостат околу 500 пријатели и роднини, и во Бале било весело, за што била задолжена групата Паганини, кои исто така се додека не пристигнале не знаеле кому ќе му свират. Интимната веселба траела до утрото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1