Сокантната снимка на сообраќајната несреќа е направена од безбедносните камери во Лечестер во Англија. На неа се гледа како со полна брзина налетува BMW и удира во клоличките што ги туркаат татковците.
Од силата на ударот децата летале во воздух неколку метри.
– Истрчав надвор веднаш штом слушнав удар. BMW удри во луѓе кои на раскрсницата чекаа да светне зелено светло за пешаци. Видов маж како вика и плаче. Пред него лежеше дете. Не даваше никакви знаци на живот, а околу него имаше голема локва крв. Веднаш повикав итна помош, раскажува еден очевидец.
Се претпоставува дека автомобилот прво удрил во Мини Купер па се одбил од него и налетал право врз децата. Поради несреќата полицијата привела 61 годишен маж и 41 годишна жена, кои учествувале во несреќата, но подоцна ги пуштиле од притвор. На местото на несреќата сега има цвеќе и пораки кои ги оставиле родителите на загинатите деца.