Фото: Шокантна снимка – деца во количка ги удрил автомобил, а татковците гледале како умираат


Возач на BMW со полна брзина налетал на две деца во колички. Малиот Оливер (2) загинал на местото на несреќата, а Софија (2) малку покасно. Татковците на децата се лесно повредени.

Сокантната снимка на сообраќајната несреќа е направена од безбедносните камери во Лечестер во Англија. На неа се гледа како со полна брзина налетува BMW и удира во клоличките што ги туркаат татковците.

Од силата на ударот децата летале во воздух неколку метри.

– Истрчав надвор веднаш штом слушнав удар. BMW удри во луѓе кои на раскрсницата чекаа да светне зелено светло за пешаци. Видов маж како вика и плаче. Пред него лежеше дете. Не даваше никакви знаци на живот, а околу него имаше голема локва крв. Веднаш повикав итна помош, раскажува еден очевидец.

Се претпоставува дека автомобилот прво удрил во Мини Купер па се одбил од него и налетал право врз децата. Поради несреќата полицијата привела 61 годишен маж и 41 годишна жена, кои учествувале во несреќата, но подоцна ги пуштиле од притвор. На местото на несреќата сега има цвеќе и пораки кои ги оставиле родителите на загинатите деца.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1