Хотелиер ќе одговара поради дискриминација, одбил да и изнајми соба на проститутка


Хотелската индустрија во Австралија сериозно ја разнишала одлуката на судот кој истакнал дека била извршена дискриминација врз една проститутка, бидејќи сопственик на мотел одбил да и изнајми соба во која таа би ги давала своите услуги.

Одлуката на судот ги „зашемети“ сопствениците на мотели и хотели, бидејќи сметаат дека токму тие треба да го имаатб последниот збор во однос на тоа какви активности ќе се вршат во собите кои ги изнајмуваат.

Проститутката против сопственикот на мотелот во градот Моранбах, поднела тужба пред државниот граѓански и управен суд на покраината Квинсленд. Токму на овие простори проституцијата е легална и забранета е дискриминацијата на „законски сексуални активности“.

Адвокатот на сопственикот на мотелот, Дејвид Едвардс, изјавил дека судот ја прифатил тужбата на проститутката и потврдил дека била дискриминирана. Едвардс за австралиските медиуми рекол дека сега за обештетување таа бара 32 илјади американски долари.

Извршниот директор на хотелската асоцијација на Австралија, Ричард Мунро, оценува дека владата на Квинсленд и Австралија треба да размислат и да подготват измени на одредени закони со кои сопствениците на хотели ќе имаат поголемо право да одлучуваат што со својот имот.

– Ова е апсолутно нелогично. Доколку фризер одлучи да отвори своја работилница во мотелот и почне да вика луѓе тука да се потстрижуваат, мислам дека сопственикот на мотелот има право да каже „стоп“, тоа е друг бизнис кој го водиш од мојот бизнис, изјавил Мунро.

 

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1