ФОТО Сите жртви на Бил Козби – 35 жени го тужат за силување


Триесет и пет жени кои го обвинија Бил Козби за силување се појавија на насловната страна на магазинот „Њујорк“ оваа недела. Овој магазин објави опширна статија за обвиненијата за силување против славниот 78-годишен комичар.17092014160934_kozbi

– Повеќе не се плашам. Се чувствувам помоќна од него – рекла за њујоршкиот магазин Чилан Лаша, која тврди дека Козби ја силувал кога имала 17 години.

Насловната страна е објавена едена недела откако Козби сведочеше на судењето поврзано со обвинението за силување од 2005 година.

Во судските документи стои дека Козби признал дека на жртвата Андреа Констанд и дал една и пол таблета „Бенадрил“, за да и го ублажи стресот. Според Козби, таа се согласила на сексот кој отпосле следувал.Kozbi 2

– Ја испратив. Не изгледаше налутена. Не ми рече: „Немој тоа повеќе никогаш да не го направиш“. Не излезе бесна, а тоа го кажувам како некој кој се смета за пристоен читач на луѓе и нивните емоции во поглед на овие романтични сексуални работи, како и да ги нарекуваат – изјавил тој.

Сите 35 жени кои се појавија на насловната страна на магазинот „Њујорк“ и кои ги раскажале своите лични искуства го обвинија славниот американски комичар за силување на кое многу често му претходело консумирање дрога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1