Омар Боркан Ал Гала во 2013 година излезе со приказна дека бил избркан од Саудиска Арабија поради тоа што бил преубав за да остане таму и претставувал опасност – можел да предизвика проблеми меѓу жените. Му поверуваа!
Веста беше објавена во 2013 година и само за 48 часа Ал Гала доби 800 000 лајкови на неговата Фејсбук страна.
Во годините што следеа Омар ја премолчуваше вистината – а тоа му донесе неколку брачни понуди, луксузен автомобил, личен менаџер и агент кои го отвараа патот за неговата успешна кариера.
Но, во ексклузивно интервју за Метро направено на почетокот на годината, Омар ја призна вистината.
Во април 2013 бил на фестивал во Ријад, каде неколку девојки го препознале како модел и му побарале автограм. Верската полиција тогаш реагирала, бидејќи близок контакт на мажи и жени кои не се во роднинска врска е недозволен.
-Љубезно ме замолија да го напуштам фестивалот бидејќи се собра поголема група жени. Никогаш не ме протерал никој од земјата – само ме замолија да го напуштам фестивалот – признава Омар.
2omar
Но тоа веќе не е важно. Омар со своите браќа и родители сега живее во Ванкувер. Тој е успешен модел кој има договори со врвни светски компании, и стана амбасадор на Самсунг. Добро е познат и во други делови од светот, до Јапонија.