Во страшна сообраќајна несреќа што се случи на патот Врање-Прешево во близина на Бујановац животот го загуби едно лице, а девет лица се потешко повредени.
Несреќата се случила во неделата кога камион со македонски регистарски таблици се судрил со српски автобус кој превезувал азиланти.
Според српските медиуми на местото на несреќата биле присутни четири амбулантни возила. Повредените биле префрлени во болницата во Врање.