ФОТО: Страшна сообраќајка кај „Александар Палас“, тинејџер се бори за живот


Две лица се тешко повредени во страшна сообраќајна несреќа која вчера вечерта околу 20 часот се случила спроти Хубо маркетот кај „Александар Палас“.

До несреќата дошло при судир на автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 61-годишниот С.К. и мопед  „апаче“, кој го управувал 18-годишниит А.А.

Фото: КУРИР

Фото: КУРИР

Во несреќата тешко повредени се младото момче и 18-годишната сопатничка Н.В.

Тинејџерот А.А. е пренесен во Ургентниот центар, каде по укажаната првична лекарска помош е пренесен на КАРИЛ и се наоѓа во животна опасност.

Неговата врсничка, која исто така има тешки повреди, била пренесена во ГОБ „Наум Охридски“, каде е задржана на понатамошно лекување.

Полициски екипи и јавен обвините извршиле увид на местото на несреќата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1