ФОТО: Тешка сообраќајка кај Куманово, четворица повредени


Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, а се случила утринава на регионалниот пат Куманово-Липково.

Според информациите од полицијата во несреќата учествувале, БМВ, Опел Астра и комбе Фолксваген сите со кумановски регистерски таблички.

Foto - Brif.mk

Foto – Brif.mk

Со тешки повреди се здобил возачот на БМВ-то, 32-годишниот Б.Ф., додека полесно повреден е неговиот сопатник Б.А. (46). Астрата ја управувал 26-годишниот С.Ц., а комбето 33-годишниот Н.П. кој не се пожалил на повреди, додека неговиот сопатник Б.Т. (38) се здобил со полесни повреди.

Повредените се пренесени во Здравствениот дом во Куманово, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1