Хирург претепал пациент под анестезија


Еден од водечките светски максилофацијални хирурзи е суспендиран откако како професионален боксер го удирал по лицето пациентот во текот на операцијата на корекцијата на лицето. Се се случувало додека главата на пациентот ја држала асистентката, а на сослушувањето е кажано дека професорот Ниниан Пекит (63) ненадејно во еден момент ја стегнал дланката во тупаница, се оддалечил 15-тина см и го удрил пациентот кој бил под анестезија.

Колешката – искусен орален хирург посведочила дека во тој момент се слушнале врисоци и звуци на вчудоневидување во операциската сала и истакнала дека била во состојба на потполен шок.hirurg

Мажот на операциската маса, наречен пациент А, претрпел тешки повреди на работното место кои барале естетска операција на лицето, но при падот од болничкиот кревет се здобил со фрактура на јагодичната коска, што барало нов зафат.

Британскиот хирург Пекит, кој хонорарно е вработен во болницата „Ипсвич“, на одделот за орална и максилофацијална хирургија, учествувал во двата операциони зафати.

Ниниан Пекит бил санкциониран со бришење од регистарот на здравствени работници, откако по сослушувањето во Лекарската комора е прогласен за неспособен за извршување на дејноста. На сослушувањето еден стручњак изразил уверување дека Пекит со ударите можел да го ослепи пациентот.

– Таква сила не смее да се користи под ниедни услови, бидејќи може да зададе сериозни повреди на очниот нерв и да предизвика моментално слепило кај пациентите – рекол стручњакот.

Ерика Рапапорт, специјалист за орална и максилофацијална хирургија и орален хирург со повеќе од 30 години искуство изјавила дека професор Пекит го удрил пациентот без претходно предупредување.

– Кога првиот пат го удри пациентот, не му ја држев главата. Потоа ми нареди да ја придржам главата на пациентот. Ми рече дека се обидел да ја размести јагодичната коска за да не мора да прави дополнителни резови на лицето – раскажала Ерика и продолжила:

„Го удри барем десет пати, како професионален боксер. Првиот удар беше неочекуван, а потоа објасни зошто тоа го прави. Додека го удираше објаснуваше зошто тоа го прави. Внимателно се фокусираше на местото каде што удира. Раката ја повлече наназад колку што можеше повеќе за да постигне максимална силина на ударот. Не му се спротивставив бидејќи бев сосема шокирана. Само помислив дека тоа е многу необична техника“, посведочила Ерика Рапапорт.

Ниниан Пекит се прославил со иновативна хируршка техника при реконструкција на лицето за која напишал мнпогу стручни трудови, но која не вклучува физичка сила, туку примена на специјализирани апаратури за да се постигне што подобра прецизност при операциите.

Докторката Рапапорт рекла дека во болницата дошла кога имала слободен ден, се со цел за да научи за таа иновативна техника од некогаш прославениот, а денес посрамотенито хирург Ниниан Пекит.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1