ФОТО: Тешка сообраќајка во Кисела вода – Мотоциклист со тешки повреди


Тешка сообраќајна несреќа  се случи на булеварот „Борис Трајковски“ кај ресторанот Везилка. Мотор и автомобил се судрија по што возачот на моторот летнал 50 метри од силината на ударот, јавува Прес24.

sobrakjaka

Фото – Прес24

Едно лице се здобило со потешки повреди во сообраќајната несреќа која попладнево околу 17 :00 часот се случила на булеварот Борис Трјковски. Од МВР за Пресс 24 велат дека автомобилот марка Шкода под се уште неразјаснати околности се судрлил со мотоциклист. Од ударот очевидците вечат дека мотоциклистот летал педесетина метри. Со возило на Итна помош префрлен е на Ургенто но немаме информации во каква состојба се наоѓа.

Со повреди се здобил и возачот на автомобилот кој исто така е во болница, но според неофицијалните информации повредите се од полесен вид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1