ФОТО: Три идентични сестри се омажиле во ист ден – никој не знаел која е која


Рафаела, Рошел и Тагиана Бини од јужен Бразил се родени во ист ден. Тие делат исти навики, ист вкус и поглед кон светот. Нашле тројца мажи за себе кои неверојатно личат еден на друг и решиле да се омажат во ист ден.

Сестрите се облекле во исти фустани, ставиле иста шминка и имале исти фризури, и им направиле голем проблем на своите идни сопрузи – која е која?tripletss

Но сестрите им ја олесниле работата на Рафаел, Габриел и Едуардо – секоја носела букет во различна боја, и тоа бил единствениот начин на разликување.

Рафаел, кој се ожени со Рафаела, вели дека додека биле во рвска, понекогаш сестрите намерно ги збунувале своите момчиња.

– Особено тоа се случуваше на почетокот на врската. Еднаш правевме вечера, Рафаела беше покрај шпоретот а Рошел која е на Габриел – покрај мијалникот. Додека зборувавме тие ги смениле местата и јас и пријдов на девојката покрај шпоретот и ја прегрнав – но бргу сфатив дека не е мојата.

Но, сега велат дека такво нешто не може да им се случи.1tripletss

– Без оглед на букетот, уште кога влезе в црква, знаев која е Тагиана бидејќи е најубава – вели нејзиниот сопруг Едуардо.

Родителите на трите сестри, Педро и Салет, веќе имале една ќерка – Лизиел, пред да им се роди тројката. Трите сестри од раѓањето се неразделни – се согласуваат во се. Велат дека имале намера да имаат барем различни фризури на свадбата, но на крајот на сите им се допаднал истиот стил.

– Не требаше ни да се обидуваме да планираме нешто различно кога знаеме дека ќе заврши вака – вели Рошел.

– Сега ќе размислуваме за прошируваме на семејството. Ако добиеме тројка ќе биде тешко, но ќе бидеме пресреќни и ќе ги растеме децата со голема љубов – вели сопругот на Тагиана, Едуардо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1