Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Во централите делови од земјава врнежите ќе имаат послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен јужен ветер.dozd

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Врнежите што следат на некои повисоки места ќе се менуваат од врнежи од снег во врнежи од дожд особено во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата, но и во понеделник кон крајот на денот и ноќта кон вторник. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјата каде што на повеќе места ќе наврнат и повеќе од 30 литри на метар квадратен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1