Измама: Записничар во Суд во Скопје ветувал вработување за пари


Записничар во Основниот суд Скопје 2 лажел дека е пријател со помошникот министер за внатрешни Иво Котевски, па за сума од 3.000 евра може да среди вработување во полицијата. 31 годишниот скопјанец од вчера е во притвор, осомничен е за измама тешка 4.500 евра, толку му наплатил на таксист на кој му ветил дека заедно со брат му ќе ги вработи во полиција, искористувајќи ги личните контакти што ги имал со Котевски.Screenshot_81

Осомничениот со таксистот се познавал 7 месеци, секој ден со него се возел до работа. Во една прилика му кажал дека може да му среди да го вработи во полиција, но треба да му плати 3.000 евра. Парите ги добил, на рака, а на нотар завериле договор како долг кој треба да го врати за 6 месеци. Во октомври лани, му исплатил уште 500 евра, кога таксистот на измамникот му дал и документи од него и брат му за да ги пријави на конкурсот за вработување во МВР. За да биде поуврелив осомничениот на таксистот му испраќал и смс пораки кои ги потпишувал со име на Котевски велат од МВР. Откако завршил конкурсот, а таксистот не станал полицацец, во февруари годинава измамникот му ветил дека го вработил во Судот, но за тоа ќе треба да плати уште 1.000 евра.

-На 2 април 2015 година на претходно договорена средба во кафе бар во Ново Лисиче, Скопје, пријавениот ги примил од оштетениот паричните средства во износ од 1.000 евра при што врз основа на Наредба за претрес на лице од судија на претходна постапка во кафе барот е извршен претрес на пријавениот и кај него се пронајдени паричните средства – изјави Марија Јаковлеска портпарол на МВР.
Во крим евиденцијата на полицијата, осомничениот за измама има досие за фалсисфикување исправа. Полицијата се сомнева дека судскиот записничар  измамил и други лица ветувајќи им работа.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1