ФОТО: Цариниците шокирани – Еве што открија во багаж на белграѓанин


Цариниците вчера на аеродромот Никола Тесла во Белград во изгубен багаж на еден патник пронајдоа традиционален кинески напиток во кој се наоѓа змија и шкорпија, како и неколку корени од билки.

Егзотичниот напиток кој служи како афродизијак од Пекинг во својот багаж го донел 40-годишен белграѓанец. Нему багажот му се загубил, па вчера му го пронашле и му се јавиле од аеродромот да го преземе.kineski-napitak-foto-carina-1425463998-622217

Тогаш цариниците направиле влезна контрола на багажот со рентген, кога на мониторот јасно се видело шишето во чија внатрешност пливале змија и шкорпија.

Веднаш контактирале со инспекторите од Министерството за земјоделство и животна средина за да ја преземат спорната пратка.

За да може овој напиток да влезе во земјата мора да има кинеска извозна декларација, зошто не станува збор за сувенир, туку за напиток во кој се наоѓаат заштитени видови чиј промет е забранет.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1