ФОТО: Уште еден познат актер обвинет за силување


Австралиската полиција го уапси актерот Мартин Лајнс под обвинение за сексуален напад врз 51-годишна жена во нејзиниот дом во Нов Јужен Велс.akter-siluvanje-640x419

Лајнс (48) се соочува со обвиненија за девет кривични дела, вклучувајќи и „извршување сексуален чин без согласност“ и „нанесување телесни повреди“.

Актерот упорно ги негира сите обвиненија, но Судот сепак за негово ослободување од притвор одреди висока кауција. Следното рочиште против Лајнс е закажано за 27 април.

Лајнс се прослави со серијата „Home and Away“, а една од неговите најзначајни улоги беше ликот на Адам Шарп во драмата „All Saints“. Покрај со актерство, Лајнс се занимава и со продажба на недвижности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1