Европа би изгледала вака ако на секое сепаратистичко движење му се исполни сонот за независност.
Шкотскиот референдум е утре, а проблемот на региони кои сакаат да се отцепат од своите традиционални владеачи надвиснува над целиот континент, пишува Дејли Мејл.
На мапата ги има познатите сепаратистички движења, како Баскиското национално движење во северна Шпанија и југоисточна Франција, како и помалку познатите (за светот) како Македонците од Пирин и Егеј.