Лекарот направил селфи со Џоан Риверс додека била во кома


Лекарот кој ги оперирал гласните жици на Џоан Риверс (81), додека комичарката била под анестезија, застанал за да направи селфи со неа. Неколку моменти подоцна Џоан паднала во кома.

Додека се подготвувал да изврши неовластена биопсија, овој здравствен работник го извадил апаратот и наводно се фотографирал покрај комичарката, која во тоа време не била свесна.djoan rivers

Инцидентот е пријавен кај истражните органи.

Светските медиуми пишуваат дека додека докторот се подготвувал да изврши неовластен зафат, се фотографирал покрај Риверс, која во тоа време не била свесна. Во текот на биопсијата, гласните жици на комичарката почнале да отекуваат, што довело до недостаток на кислород, а набрзо потоа таа доживеала срцев удар, тврдат истражителите.

Џоан Риверс не се разбуди од комата – почина на 81 година од животот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1