ФОТО: Вака изгледа летувањето на суперјахта вредна повеќе од милијарда долари


Најбогатите луѓе на светот вложуваат огромни суми како би ја заштитиле својата приватност. Токму затоа не нè чуди тоа што во летните месеци тие избираат престој на своите суперлуксузни јахти кои се опремени со сите можни туристички содржини.jahta5-630x429

Ако сакате да уживате во приватност и луксуз, супер јахтата Eclipse која што е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович е вистинскиот избор за вас.

Станува збор за втората најголема јахта на светот која што е долга 163.5 метри (титулата за најголем брод во меѓувреме ја превзема Azzam), која што е опремена дури и со анти-папараци систем.

Овој софистициран дигитален систем со ласерски зраци го онеспособува фотографирањето од далечина, па на нејзината палуба може да уживате без помисла дека некој можеби ќе ве сними во непријатен момент. Рускиот милијардер патува и со четириесетина обезбедувачи, така што пристапот на оваа супер луксузна јахта е речиси невозможен.jahta1-630x355

Eclipse е изграден во тотална тајност во 2010-тата година во германското бродоградилиште Blohm + Voss, а неговиот ентериер и екстериер е дизајниран од страна на Terence Disdale Design и архитектот Francis Design. Иако оригиналната цена требало да изнесува 400 милиони евра, на крајот износот се искачил на вртоглави 1.5 милијарди долари.

На бродот има 24 луксузни кабини, простор за да слета хеликоптер, кино-сала, два базени, сауна, салон за убавина, детска градинка, неколку џакузи кади, па дури и сала за ноќни забави. За нормално пловење на овој брод се грижат околу 60-тина вработени лица, а во рамките на овој брод се наоѓа дури и мини-подморница која што може да се нурне до 50 метри под површината на морето.

Роман Абрамович со Eclipse заплови во поголемиот дел од морињата. Моментално се одмора во монденското француско летувалиште Сен Тропе.jahta21-630x473 jahta3-630x473

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1