Што се крие зад изморените лица на мигрантите кои транзитираат низ Македонија?


Младата Безма веќе никогаш нема да ги види своите соученички. Бегајќи од војната во својот роден град Кобане, во Сирија, нејзиното семејство преживеало вистинска голгота додека да стигне до Македонија. Но тоа не ги скришло. На железничката станица во Табановце, Безма полна со оптимизам пред камерата на Сител вели дека бегаат за подобра иднина на нејзиното туку што родено братчеmigranti333

Својот сон да стане земјоделски инженер во сопствената држава нема да му се оствари ниту на 25 годишниот Хазадин од Дамаск. Но тој не очајува. Вели дека очекува својата среќа да ја најде во Германија или Велика Британија.

Кон западна Европа патува и стоматологот Махуд од Сирија.

Најголем дел од мигрантите со кои поразговаравме беа со високо образование. Долгиот и напорен пат го поминуваат цели семејства. Камерата на Сител изнуди насмевка од најмладите.

За здравјето на мигрантите се грижи доктор Абдула, тој е од Сирија, дошол тука уште во време на Југославија а затоа што знае арапски сека преку црвениот крст им помага на своите сонародници.Монтажни куќи во кои мигрантите ќе можат малку да одморат на својот пат, највојатно ќе бидат готови идната недела, информираат волонтерите.

Само во последните 24 часа 952 мигранти добиле потврда од македонската полиција по искажаната намера за поднесување барање за азил. Статисиката на полицијата вели дека од 19 јули, кога беше изменет законот, најмалку 33.000 мигранти влегле на македонска територија.

Видео на следниот ЛИНК 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1