На овој начин поддржувачките на турскиот претседател Реџеп Таип ердоган вечерва ги блокираа тенковите на војската и најверојатно спречија воен удар и превзњмање на власта.
Според последните информации, најмалку 12 лица се потешко повредени при бомбардирањето на зградата на Парламентот, пренесува Ројтерс. Британската агенција јавува и дека огромен број на пратеници се уште се кријат во зградата.
Организаторите на воениот пуч упаднале во студиото на CNN Turk, по што оваа телевизија прекина со емитувањето. Според податоците кои пристигнуваат од Турција, преостанатите организатори на пучот кои се уште не се уапсени ги зеле новинарите на Хуриет и CNN Turk за заложници.